Во СЕХА има место само за еден: Металург со минимална предност до втората позиција!? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонското првенство во ракомет се поизвесно е дека ќе има нов шампион оваа сезона. Екипата на Вардар моментално е најквалитетниот состав во Македонија. Затоа борбата за втората позиција е неизвесна и интересна.
Последното место кое носи во СЕХА лигата ќе биде предизвик за Металург и Зомимак, но влогот е многу поголем од регионалното натпреварување. Со новите измени во најквалитетното ракометно натпреварување, Македонија веројатно дека ќе добие дополнително место во Лигата на шампионите за второпласираната екипа во Супер лигата.
Затоа победата на сеуште актуелниот македонски првак во Автокоманда од 22-21, ветува интересен реванш во Струмица и конечна разврска на проблемите со кои во оваа сезона се соочува некогаш моќниот Металург.[Best_Wordpress_Gallery id=”80″ gal_title=”Metalurg-Zomimak”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ