Во Пролет повторно се игра ракомет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Освоеното четврто место во минатогодишното издание на македонскиот шампионат, и овозможи на екипата на Тинекс Пролет излез во Европа. По пауза од четири години тимот од Пролет ќе игра во Челинџ купот.
Во составот кој и оваа сезона ќе го предводи Илија Темелковски единствена промена ќе биде заминувањето на Славиша Димитријески кој ќе настапува во Струмица оваа сезона.
Пролет заминува на подготовки во Маврово кон крајот на август, а тимот сè уште е во преговори со еден искусен македонски ракометар кој би ја затворил надворешната бековска линија за наредната сезона.
[Best_Wordpress_Gallery id=”136″ gal_title=”Tineks Prolet PRV TRENING 2015-2016″]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ