Во пријателски натпревар, Работнички го совлада Краснодар

Екипата на Работнички, ја оствари својата прва победа во првиот подготвителен натпревар против рускиот состав од Краснодар со резултат со 28:26 (13:13).
RabotnickiKrasnodar
На мечот кој се одигра во спортскиот центар „Маврово“, ракометарите на Андон Бошковски заостануваа минимално се до првата половина на првиот дел, кога Работнички најпрво го изедначија резултат на 7-7, а потоа и го превзема водството за 9-7. Сепак до крај на полувремето руската екипа повторно ја врати неизвесноста за конечни 13-13 .
Rabotnicki_Krasnodar
Вториот дел „романтичарите“ го започнаа поангажирано во одбраната и  уште на самиот старт го превземаа водството кое во одредени моменти достигнуваше до пет голови предност.
RabotnickiKrasnodat2
На крај македонскиот состав славеше со 28:26, благодарение на головите на Златко Мојсоски (8), Вања Илиќ (7), Александар Василевски и Никола Марковски (5) и Немања Марсениќ (3).  Голманите во победата на Работнички учествуваа со вкупно 15 интервенции.