Во првиот натпревар од денешната програма на ЛШ:Киелце во вториот дел го декласираше Кадетен Шафхаузен

Во првиот натпревар од денешната програма на Велукс ЕХФ Лигата на шампионите екипата на Киелце во вториот дел го скрши отпорот на гостите од Швајцарија и успеа да дојде до победа од 33-24 по која со 14 бодови е лидер во групата Д.


ГРУПА Д

КИЕЛЦЕ-КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН 33-24 (14-12)

Почетокот на натпреварот им припадна на домаќините кои имаа водство од 7-5. Но, благодарение на трите гола на Лингер, Кадетен се врати во игра и со серија од 3-0 успеа во 14 минута да го превземе водството поведувајки со 7-8. Израмнето беше се до 27 минута кога гостинскиот пикер Мансон успеа да погоди за 12-12, а домаќините со два гола до крајот успеаа да ги постават конечните 14-12 на полувреме.

Решавачки момент во вториот дел беше серијата на Киелце од 5-0 кога при резултат 19-17 успеаа да дојдат до високи +7, 24-17 во 43 минута. Лингер кој со три успешно реализирани контри во серија успеа да го врати Кадетен на -4, 24-20 но тоа беше се што успеаа да направат гостите на овој натпревар. Киелце со петтиот гол на Бутиќ во 55 минута успеа да дојде до +8, 29-21, а на минута до крајот Ткачик преку контра напад ги постави и највисоките 33-23 за полскиот тим. Лингер со својот 11 погодок на натпреварот ги постави конечните 33-24.

Најпрецизни во екипата на Киелце беа Чупиќ со 9 и Бунтиќ со 6 погодоци. Кај гостите од Швајцарија најрасположен за игра беше Лингер кој постигна 11 голови.