Во пар подобро се гледа ракомет! (ФОТО)

На мечот помеѓу Вардар и Загреб, кој се одигра во рамките на СЕХА лигата, ракометарите на Раул забележаа минимална победа со 32:31. Меѓу оние кои дојдоа да им дадат поддршка на ракометарите, беа и нивните колешки од тимот на Кастратовиќ, но овојпат засилени со нивните посилни половини.

Камила Херем го следеше мечот со сопругот Стефан Стегавик, додека Барбара Лазовиќ беше во друштво на нејзиниот сопруг Вук Лазовиќ, кој е поранешен играч на Вардар. На трибините беа и словенечката интернационалка Тамара Мавсар, во придружба на нејзиното момче Урош Брегар, кој е поранешен тренер на Вардар и селектор на словенечката ракометна репрезентација.

vardarzagreb-2