Во очекување на посериозна казна за Грција: ЕХФ им ја додели првата победа на македонските кадетки

На женската кадетска репрезентација и беа потребни само триесетина секунди да ја забележи првата победа на ЕХФ шампионатот кој неделава се одржува во Скопје. Европската ракометна федерација, по скандалот кој го предизвикаа грчките ракометарки на дуелот од 1 коло, и додели службена победа на Македонија со 10:0.

Поводот беше повлекувањето на Грција по само 32 секунди од теренот, поради натписот „Македонија“ на дел од спортската опрема на стручниот штаб. Според пропозициите на ЕХФ, за натпреварувања во младински категории, за напуштање на натпревар или повлекување од терен, следува автоматска дисквалификација, но ЕХФ (за)сега само и додели службена победа на Македонија. Дали ќе има дополнителна санкција за грчката федерација, останува да видиме.