Во одлична форма: Десподовска десетпати во мрежата на Заглебие Лубин

Зорица Десподовска претрпе пораз со тимот на Пјотрковија на гостувањето кај Заглебие Лубин со 31:35, но имаше неверојатен натпревар. Таа беше лидер во нападот на својата екипа и доминираше и кај стрелците.

Десподовска беше најефикасната ракометарка на овој дуел со вкупно десет гола така што беше далеку пред конкуренцијата. Од овие десет гола, шест ги постигна од линијата од седум метри, а имаше стопроцентна реализација од седмерец.

Иако Пјотрјковија загуби, ова се добри вести за Десподовска и македонската репрезентација. Таа влегува во добра форма и од тоа може да има придобивка и националнио тим.

Фото: Radek Illinicz