Во Неготино ќе биде промовиран новиот суперлигаш?

На средбата која денеска ќе биде одиграна во Неготино меѓу тимовите на Вардар Неготино и Металург 2 може да падне одлука за новиот суперлигаш, а тоа може да биде тимот кој ќе се врати во најсилната лига.

Екипата на Металург 2 која лани во баражот загуби од Струга сега може да се врати во суперлигашкото друштво. Со победа денеска дефинитивно решава сè и следната сезона ќе биде одново во најсилната лига.

На тој начин ќе дојде и до промоција на суперлигашот, а в сабота ќе се чека кој тим оди во баражот. Во спротивно доколку „металурзите“ не дојдат до триумф без разлика дали ќе одиграат нерешено или ќе загубат ќе мораат во бараж, а новиот суперлигаш ќе се бара в сабота на дуелот меѓу Јуниор Кисела вода и Работнички.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА ПОСЛЕДНО, 14. КОЛО

ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ

20:00ч

ВАРДАР НЕГОТИНО – МЕТАЛУРГ 2

Сала: Гим. Кирил и Методиј во Неготино. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

САБОТА, 1 ЈУНИ

13:00ч

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – РАБОТНИЧКИ

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

НЕДЕЛА, 2 ЈУНИ

12:00ч

ПРЕСПА – МЛАДОСТ 09

Сала: „Заре Стојановски“ во Ресен. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

16:00ч

ГРК ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Иван Илиевски и Александар Марковски од Битола. Делегат: Сашо Јанкулоски од Битола.

ТАБЕЛА: 1. Металург 31 бод (422:352); 2. Работнички 30 (435:354); 3. Јуниор Кисела вода 29 (366:336); 4. Младост 18 (351:354); 5. Вардар Неготино 15 (345:359); 6. Македонија Ѓорче Петров 13 (332:376); 7. Преспа 10 (322:382); 8. ГРК Тиквеш 7 (392:452).

ПРВА МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ

ДВОЈКИ ЗА ПОСЛЕДНО, 14. КОЛО

ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ

20:00ч

ТЕКСТИЛЕЦ – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ

Сала: ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Судии: Роберт Пановски и Божидар Димитриевски од Велес. Делегат: Благој Петров од Велес.

ПЕТОК, 31 МАЈ

20:00ч

АСТРАИОН – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ

Сала: „Парк“ во Струмица. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

САБОТА, 1 ЈУНИ

12:00ч

АЕРОДРОМ – РИНИА М

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

16:30ч

КУМАНОВО – ПАРТИЗАН

Сала: Спортска во Куманово. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Младост Богданци 30 бода (364:314); 2. Астраион 28 (418:321); 3. Аеродром 25 (459:353); 4. Куманово 18 (403:427); 5. Риниа М 18 (400:401); 6. Текстилец 15 (351:402); 7. Весна Акумулатори 12 (354:426); 8. Партизан 9 (332:437).