Во конкуренција на тројца вардарци – Циндриќ е играчот на месецот во Европа

Средниот бек на Вардар, Лука Циндриќ ја имаше најдобрата сезона во досегашната кариера, а како круна дојде и освојувањето на европската титула во лигата на шампионите. Сега од страна на ЕХФ доби уште едно признание, играч на месецот. Во конкуренција покрај Циндриќ беа уште и Арпад Штербик, Вуко Борозан, Тјери Омејер и Никола Билик.

Циндриќ му ја донесе првата радост на Вардар во Келн, со постигнување на гол во последните секунди на полуфиналето со Барселона, по што „црвено-црните“ првпат се пласираа во финалето. Вардар потоа и во финалето одигра инфаркт натпревар, и го победи ПСЖ за освојување на европската круна.

Вардар сезонава покрај триумфот во лигата на шампионите, ги освои и трофеите во СЕХА Газпром лигата, и двојната круна во првенството на Македонија.

Во женска конкуренција, истото признание го освои Анита Горбич од Ѓер