Во Загреб се едногласни: Сè освен победа против Металург е неприфатливо

Екипата на Загреб во неделата загуби од Вардар во Лигата на шампионите во СЦ „Јане Сандански“ со 21:28, а денеска веќе игра против Металург во СЕХА-лигата и желбата е да се подобри впечатокот. Сите момци на Касим Каменица се едногласни во тоа дека на овој меч само победата е опција и ќе се обидат да стигнат до неа иако Металург има свои адути пред мечот.

„Натпреварот против Вардар не потроши многу, но нема време за плачење бидејќи мораме да дадеме сè од себе да бидеме вистински против Металург. Тренерот нагласи дека освен победа за нас друго не е прифатливо на овој дуел и така мораме и да влеземе во натпреварот и да ги одиграме сите 60 минути. Што се однесува до противникот можам да кажам дека станува збор за една добра, млада и одлично сложена екипа. Познати се како домашен тим, а тоа го почувствувавме на своја кожа и лани кога овде не надиграа. Сигурно дека сакаме да им вратиме за тоа и ќе се обидеме да го дадеме вистинското на теренот“, изјави Јосип Божиќ-Павлетиќ.