Во ЖРК Вардар СЦБТ доаѓаат и три ракометарки од младинскиот погон

ЖРК Вардар СЦБТ за следната сезона ангажира уште три ракометарки. Станува збор за млади таленти од вториот тим, кои оваа сезона се претставија во добро светло. Новите имиња се Драгана Петковска (голман), Сара Митова (лев бек) и Симона Стојановска (среден бек). Драгана Петковска и Сара Митова беа на поширокоиот список кај селекторот Ристо Магдинчев поради добрите партии за вториот тим, ЖРК Вардар. Сара Митова и Симона Стојановска ланската сезона беа дел од неколку натпревари со првиот тим на ЖРК Вардар СЦБТ и имаа можност да го почуствуваат теренот со поискусните ракометарки, а во новата сезона ќе имаат шанса и да учат од најдобрите. Лекиќ, Пино, Суслина, Хмирова и останатите ѕвезди на тимот на Индира Кастратовиќ ќе бидат одличен пример на патот кој овие млади ракометарки треба да го поминат. Сите три ракометарки потпишаа договор на две сезони. Драгана Петковска во ЖРК Вардар СЦБТ ќе биде трета опција по Суслина и Лејно, а се очекува сите три ракометарки да имаат голема минутажа во регионална лига и домашното првенство.

zrk vardar scbt
Фото-zrkvardar.mk