Во драматична завршница: Радовиш се спаси од пораз против Металург 2

Шестото коло од машката Суперлига понуди интересен дуел во Радовиш, каде домашната екипа ги подели бодовите со Металург 2. Во неизвесна и возбудлива завршница, составот на Металург 2 имаше шанса да дојде до три бодови откако ја анулираше негативата од полувреме (15-13), но со прецизен удар од пенал линијата на десетина секунди до крајот на натпреварот Радовиш дојде до бод на овој дуел кој заврши со конечни 24-24.

Младите ракометари на Металург се израдуваа на бодот освоен на гостувањето кај Радовиш, но во исто време и тагуваат бидејќи не се вратија со трите бода кои ќе беа потполно заслужени според она што го прикажаа на теренот.

Голманот Никола Даниловски беше херојот на екипата. Тој имаше 19 одбрани, а од нив 5 удари од седум метри со што беше најдобриот поединец. Два од пеналите ги одбрани во моментите кога резултатот беше 23:24, но во последните секунди грешкатa во додавање беше причина судиите да досудат двојно водење на топката, што ја чинеше екипата на Металург 2 бод на ова гостување. Седмерецот за домаќините во последните секунди од дуелот го реализираше Фенов за реми од 24:24.

Во текот на целата средба беше неизвесно, а двата тима се менуваа во водството. Радовиш го диктираше темпото во првите 30 минути, додека Металург беше во предност во поголемиот дел од второто полувреме, но грешките на двете страни не дозволија на крајот некој да го однесе целиот плен.

РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ 2  24:24 (15:13)

Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Гледачи: 500. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

РАДОВИШ: Паунов 1, Левов 1, Борисов, Пешовски, Јованов, Долдуров 2, Глигоров, Ѓорѓиев 3, Фенов 1, Соколов 2, С. Спасов, Спасков 1, Чизмовиќ 5, Мајиќ 8, А. Спасов

Седмерци: 4/9, Исклучувања: 6 мин.

МЕТАЛУРГ 2: Даниловски, Василевски, Димитриоски 2, Тодоров, Ристовски, Серафимов 7, Арсеновски 3, Лембанов, Младеновиќ, Гајиќ 2, Мелоски 1, Кондев, Митиќ, Кофиловски, Шилегов 9, Гошевски

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 8 мин.