Во две недели со два ангажмани: Селекторот на Финска на клупата и на Ал Ахли (ФОТО)

Поранешниот селектор на Шведска и тренер на Кристијанштад, одлично познатиот стратег, Швеѓанецот Ола Линдгрен пред само две недели седна на клупата на Финска, а веќе успеа да пронајде нов клупски ангажман. Од следната сезона тој ќе го предводи тимот од Египет, Ал Ахли.

Договорот со репрезнтацијата на Финска не му забранува да комбинира со работа во клуб, а Линдгрен тоа го искористи и се пресели и на друг континент. Во Ал Ахли на тренерската позиција го наследи Никола Марковиќ.

Линдгрен успешно го водеше Кристијанштад седум години и успеа трипати по ред од 2015 година да ја освои титулата шампион на Шведска. Исто така имаше забележителни настапи во Лигата на шампионите. Тој на клупата на Кристијанштад беше заменет од Љубомир Врањеш, но не чекаше премногу за да го најде својот следен ангажман.