Во Велес паднаа 70 гола: Борец сигурен против Металург во ефикасен меч

Без поголем дел од ракометарите коишто главно настапуваат во Супер лигата за Металург 2 вториот состав на „металурзите“ не успеа да стигне до бодови на гостувањето во Велес.

Борец имаше контрола на играта и успеа да ги освои трите бода против Металург 2 иако и со ваков состав во кој ги немаше Серафимов, Палевски, Арсеновски… тимот од Скопје беше силен ривал. Гостите издржаа до кајот на првото полувреме во кое имаа и предност во добар дел од него. Сепак, после 19:17, во второто полувреме домашните брзо дојдоа до зголемување на водството и потоа до крајот со сигурна игра се контролираше резултатот.

Паднаа дури 70 гола во меч во кој и двата тима повеќе концентрација имаа на нападот, па немаше изненадување.

БОРЕЦ – МЕТАЛУРГ 2   38:32 (19:17)

Сала: „Гемиџии“ во Велес. Гледачи: 1000. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Драган Начевски од Скопје.

БОРЕЦ: Колев, Димовски, Стојановски, Павловки 4, Јаневски 1, Игнов 1, Смилев, Органџиев 4, Николов 7, Солев, Ордев 7, Илиев 14, Минов, Лазаревски.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 8 мин.

МЕТАЛУРГ 2: Даниловски, Василевски, Лазаревски 2, Смилевски, Гајиќ 4, Мелоски 4, Младеновиќ 2, Димитриоски 7, Гошевски 4, Кондев 2, Лембанов 5, Ристовски 1, Трајковски, Божиновски, Митиќ

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 6 мин.