Во аргентиски стил: Диего Симонет со неверојатен гол против Металург (ВИДЕО)

Ракометарот на Монпеље, Диего Симонет имаше одлична партија во победата против Металург од 32:22, а неговиот погодок дефинитивно може да се прогласи за гол на натпреварот. Тој при резултат 6:5 се прошета низ одбраната и потоа свртен со грб успеа да го совлада Дарко Арсиќ.

Ова е гол кој го привлече вниманието, па вреди да се види неколкупати, како и целата акција.

Фото: ehfcl.com