Во “Автокоманда” ќе гостуваат ракометарките на ЖРК Будуќност

ЖРК Металург ќе биде домаќин на четвртиот турнир во женската регионална лига. Нашиот претставник се уште ја чека првата победа во регионалното натпреварување, а шансата ќе ја бара на турнирот кој следува. Гостин во “Автокоманда” ќе биде еден од главните кандидати за освојување на Лига на шампионите, ЖРК Будуќност како и екипите на Крим Меркатор и ЖРК Даниловград.

Турнирот ќе го отвори ЖРК Металург против младиот црногорски тим, ЖРК Даниловград кој е предводен од поранешната репрезентативка на Црна Гора, Маја Савиќ.

Влезот за сите натпревари е слободен.

Распоред , турнир 4 ( Скопје)

21 јануари:

ЖРК Металург – Даниловград  – 15:30

Крим Меркатор – ЖРК Будуќност 19:00

22 јануари:

Даниловград – Крим Меркатор 11:00

ЖРК Металург – Будуќност 19:00