Воодушевување во Диферданж: Брестовац и Георгиевски за осминафинале во Челинџ

Екипата на Диферданж го направи најголемиот успех во клубот на меѓународен план и успеа да стигне до осминафиналето во Челинџ купот откако вчера и денеска го надигра составот на Добруџа во 3. рунда.

Диферданж каде што на тренерската позиција е Данило Брестовац, а на теренот Дарко Георгиевски имаше две убедливи победи со кои покажа дека сезонава игра барем за едно до две нивоа подобро отколку во минатите сезони.

Првиот меч одигран вчера заврши со резултат 43:23. На оваа средба Георгиевски имаше еден погодок, додека денеска остсана без голови. Денешниот дуел заврши со триумф од 36:26 за Диферданж, па составот на Брестовац и Георгиевски е веќе во следната фаза од Челинџ купот и може слободно да го очекува следниот ривал.

Еден од можните ривали е и Работник, но тимот од Битола ќе мора прво да ја одбрани предноста на реваншот во Литванија.