Возот за Веспрем полека ја напушта Автокоманда

По вчерашниот пораз од екипата на Борац со резултат 27-21 на Металург не му е потребна само победа против Брест Мешков туку и пораз на Нексе од Борац. Младите ракометари на Металург шансата ја пропуштија по само 15 минути игра во Бања Лука кога противникот им го зададе клучниот удар со серијата од 5-1. Домашната екипа на Борац умешно ја одржуваше резултатската предност и не дозволи изненадување на овој натпревар. 

Николиќ со 8 погодоци беше најуспешен стрелец во таборот на Борац, додека Војводиќ со 5 погодоци беше прв стрелец кај нашиот шампион.

На прес-конференцијата по натпреварот, тренерот на Металург- Лино Червар изјави:

“Честитки до Екипата на Борац за заслужената победа. Борац се подига и тоа е добро за ракометот, бидејќи Бања Лука е ракометен храм. Борац има доста талентирани ракометари, како Јанковиќ и Вујовиќ, кои можат израснат во одлични играчи. Што се однесува на натпреварот, после пораз тренерот никогаш не може да биде задоволен, но, кога се работи за нас, кои ја изгубивме целата постава, можам да бидам дури и задоволен, бидејќи полека ги решаваме проблемите. Сепак, засега се гледа дека немаме доволно искуство, особено во борба против искусни ракометари каков што е Николиќ, кој доживува нова младост“

Следниот натпревар во Регионалната лига, Металург го игра на 15,03 против Мешков Брест со почеток од 19h.