Возбудлива завршница на македонското првенство: Шест екипи конкурираат за последните три места во ракометниот плеј-оф

Неизвесната завршница во македонското првенство, кулминира со директни дуели за пласман од второто до четвртото место. Последното коло всушност ќе биде елиминациско за шесте екипи кои се натпреваруваат за влез во плеј оф завршницата каде ги очекуваат Вардар и Металург. Единствен сигурен патник е Зомимак, додека Тинекс Пролет по денешната победа има големи шанси за влез меѓу најдобрите четири екипи од регуларниот дел на сезоната.
Во неизвесен натпревар од седумнаесетото коло на македонската Супер лига екипата на Тинекс Пролет го совлада РК Прилеп со резултат 23:22. Ракометарите на Пролет се пред промоција во плеј-оф фазата на македонскиот шампионат, а за тоа им е потребна победа во последното коло на гостувањето во Ресен.
Во последното коло ракометарите на Прилеп во меѓусебен дуел со Пелистер ќе одлучуваат за тоа кој ќе продолжи во плеј-оф, а кој ќе остане во плеј аут половината на табелата.
ТИНЕКС ПРОЛЕТ 23-22 РК ПРИЛЕП 2010 (12-11)
Почетокот на натпреварот им припадна на гостите, ја оддржуваа минималната разлика која по 10 минути игра конечно се претопи во првото изедначување на 4:4. Домаќините ја продолжија серијата за првото водство од два погодока, 6-4 која до 15 минута повторно беше анулирана за ново израмнување на резлутатот од 7:7.
FLP_3272-2
Ракометарите на Тинекс Пролет повторно го вратија највисокото водство од два гола и во 22-та минута резултатот на семафорот покажуваше 9-7. До крај на триесете минути ракометарите на Прилеп намалија само еден гол од водството на домаќините за конечни 12-11.
FLP_3241-2
Вториот дел започна идентично како и првиот. До 34-та минута ракометарите на Иле Темелковски имаа предност од три голови разлика 15-12, но Прилепчани возвратија со серија од 4-1 за ново изедначување на 17-17, во 45-та минута. Димитриевски постигна несекојдневен гол за нова предност на екипата од Пролет, а Трајковски ги врати двата гола предност за 19-17 по 47 минути игра. Разликата се задржа до самиот крај на натпреварот, ракометарите на Тинекс Пролет повторно ја создадоа највисоката предност од три голови на пет минути до крај, а точка на овој дуел стави Петкоски со звукот на сирената за конечни 23-22.
Најпрецизни во екипата на Тинекс Пролет беа Трајковски и Андоновски со пет постигнати погодоци, додека за екипата на Прилеп Бозароски постигна седум голови.
FLP_3225-2

Останати резултати:


РАДОВИШ 23-30 ЗОМИМАК-М (10-16)


ОХРИД 30-20 РК МЕТАЛУРГ 2 (12-11)



Поз. Екипа Кола Поб. Нер. Изг. Бод.
1 17 17 00 00 51
2 17 10 01 06 31
3 17 10 00 07 30
4 17 10 00 07 30
5 17 10 00 07 30
6 17 10 00 07 30
7 15 06 02 07 20
8 14 04 01 09 13
9 16 02 00 14 06
10 14 00 00 14 00