Вниманието кон Битола: Еурофарм Работник и Охрид во дербито на колото

Во сенка на натпреварите од Лигата на шампионите кои викендов се играат во Скопје ќе бидат одиграни дуелите од 2. коло од Супер машката лига. На програмата ќе бидат вкупно четири дуели после повлекувањето на Младост 09 во Првата лига.

Вниманието ќе биде главно насочено кон Битола каде што Еурофарм Работник го пречекува Охрид 2013 во дербито на колото. Тоа е првиот меч кој денеска стартува од часот. За Работник ова е отворање на сезоната бидејќи во минатото коло беше слободен поради откажувањето на Младост. Се работи за рана фаза на шампионите, па затоа и не може премногу да се анализира формата и играта, но јасно е дека и двете екипи се подготвени за големо надигрување на денешниот дуел.

Прилеп и Пролет исто така најавуваат возбудлив дуел денеска кој ќе се одигра на теренот на прилепчани. Во 1. коло не се прославија премногу. Прилеп загуби кај тимот на Металург 2 додека составот на Пролет не успеа да го совлада Борец, но успеа да освои бод. Затоа ова е дуел на кој и двете екипи се во трка по три поени.

Пелистер ќе биде голем фаворит против Металург 2 и тука се очекува битолчани да ги поправат работите од стартот кога испуштија победа на гостувањето во Радовиш.

Утре, пак, во Скопје, Вардар јуниор е домаќин на екипата на Радовиш и ова ќе биде интересна пресметка во која сите очекувања одат кон тоа да има возбудлив ракомет и неизвесност. Радовишани влегуваат со амбиции за добар резултат, но дефинитивно нема да биде нималку лесно бидејќи и двата тима ќе имаат што да прикажат на теренот.

Во ова коло слободни се велешани така што тие може веќе да размислуваат за следниот ривал.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 2. КОЛО

САБОТА, 23 СЕПТЕМВРИ

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ОХРИД 2013 16:00 ч

ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 2            18:30 ч

ПРИЛЕП 2010 – ПРОЛЕТ 62         19:30 ч

НЕДЕЛА, 24 СЕПТЕМВРИ

ВАРДАР ЈУНИОР – РАДОВИШ  18:00 ч

БОРЕЦ слободен

ТАБЕЛА: 1. Охрид 3 бода (+8); 2. Металург 2 (+3); 3. Радовиш 3 (+1); 4. Борец 1 (0); 4. Пролет 62 1 (0); 6. Еурофарм Работник 0 (0); 7. Пелистер 0 (-1); 8. Прилеп 0 (-3); 9. Вардар јуниор 0 (-8).