Владателот останува на тронот: Ѓер трепат по ред ја покори Европа!

Тимот на Ѓер трет пат по ред ја освоија титулата во Лигата на шампионите, откако славеа над Ростов Дон со 24-25. Иако рускиот тим даде отпор во поголем дел од натпреварот, сепак титулата остана во Унгарија.

Во првите десетина минути се играше гол за гол, но Ростов ја имаше контролата и водеше со еден до два голови разлика. Така беше до 10-8, кога Русинките почнаа да грешат и Ѓер се врати во игра за 11-11. „Црната дупка“ во играта на Ростов продолжи, па условно домаќинот на Ф4 се одлепи на високи 11-15 за крај на првиот дел.

Во вториот дел по пет минути Ѓер поведе и со плус пет, 13-18, но во продолжение остана без услугите на Нике Грот, која доби црвен и син картон за стартот над Кузнецова. Ростов во повеќе наврати успеа да се врати и да намали на минус три, имаше шанса и за минус два, но Гримсбо се испречи пред Сен и Вјахирева.

Возбудувања имаше во финишот. На две минути до крајот Песоа доби исклучување поради неправилна измена, но нејзините колешки се одбранија во напад, па во следната акција Абинг намали на минус еден, 24-25 на триесетина секунди до крајот. Ѓер тргна во последниот напад но не погодија, па имаше шест секунди за напад на Ростов, но и тие упатија удар по звукот на сирената.

Победата остана за Ѓер и унгарскиот тим ја освои третата титула во последните три сезони. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Аморим со седум и Гербиц со шест голови, додека кај Ростов се истакнаа Абинг со седум, а по пет постингаа Манагарова и Вјахирева.