Вишомирски се сели во Бундеслигата

Голманот на Полскиот национален тим и актуелен член на Пик Сегед, Пјотр Вишомирски (28) од наредната сезона ќе биде нов ракометар на германски Лемго.
Вишомирски потпиша двегодшен договор, и дресот на Лемго ќе го носи до 2018 година.

Полскиот чувар на мрежата својата професионална кариера ја започна во екипата на Азоти Пулави од Полска каде настапуваше од 2007 до 2012 година, потоа се сели во Унгарија каде најпрво два години настапува во екипата на Чургу (2012-2014),а негова последна дестинација е Пик Сегед каде сеуште настапува во тандем со искусниот шпански голман, Сиера.

Флоријан Керман (тренер, Лемго)

“Многу сум среќен што успеавме да го ангажираме Пјотр. Тој, во Полскиот национален тим и екипата на Пик Сегед настапува на многу високо ниво, и покрај своите 28 години има големо меѓународно искуство”. -изјави за германските медиуми тренерот на Лемго.