Вицепрвакот се засилува: Катарина Косановиќ ќе го брани голот на Куманово!

Македонскиот вицепрвак Куманово, активно работи на формирање на ростерот за претстојната натпреварувачка сезона. Откако беше решено тренерското прашање со ангажманот на Симе Симовски, управата на овој тим работи и на играчките засилувања.

Најново име во Куманово е 21-годишната српска голманка Катарина Косановиќ. Иако е млада, има веќе интернационално искуство, откако во последните две сезони го бранеше голот на израелскиот тим Херцлија.

Претходно има настапувано за српските тимови Земун, Инџија, Младост Нова Пазова и Јуниор, а ги мина и кадетската и младинска репрезентација на Србија, каде остави одличен впечаток низ настапите на неколку големи натпреварувања. Се наоѓа и на поширокиот список на сениорската селекција.

Косановиќ ќе биде дел од триото на голманската позиција заедно со Ивана Наумоска и Ивана Дичковиќ. Покрај Косановиќ, Куманово го продолжи договорот и со Александра Боризовска, а ја ангажираше и Грузијката Медеа Чокели од Пелистер.