Вистинска драма во Ѓер – Русија извлече реми против домаќинот Унгарија

Во дерби натпреварот на првиот ден од Европското првенство домаќинот Унгарија ослабен со отсуството на Анита Гербиц во доста изедначен натпревар кој кулминираше со вистинска драма во последните минути ги подели бодовите со “Зборнаја”.

ГРУПА A (УНГАРИЈА,ЃЕР)

УНГАРИЈА- РУСИЈА 29-29 (14-15)

По стартните две грешки на обете страни левото крило на унгарската репрезентација Анико Ковачиќ го отвори натпреварот на што русинките одговорија со серија од 4-0 и го принудија унгарскиот селектор уште во 7мата минута да го повика првиот тајм аут на натпреварот. По долга пауза, дури во 11 минута унгарките повторно преку Ковачиќ стигнаа до вториот погодок. Три погодоци позитива имаа русинките во почетните 15тина минути кои само дополнително ги зголемуваа благодарение на добрата игра на руската бековска линија. Како одговор на добрата руска игра унгарскиот селектор направи промена на голманската позиција со што шанса на теренот доби Ева Киш за конечно во последните минути од првиот дел репрезентацијата на Унгарија да успее да ја намали предноста и да замине на пауза со негатива од само еден погодок (14-15).

Русинките лошо го стартува вториот дел и  Жилинскајте веднаш заработи супензија од 2 минути а Тришчук ја искористи оваа предност за да го израмни резултатот за во следниот напад Унгарија благодарение на Боди за првпат да го превеме водството во свои раце. Русинките возвратија брзо и само за неколку минути благодарение на серијата од 3-0  со погодокот на Дмитирева израмнија а Ускова ја врати предноста на страната на Русија.

11313_5484ca8a1e

Следуваше изедначена игра на двете страни и ниту една од репрезентаците не успеа да се одлепи на повеќе од еден погодок разлика. Трефилов реагираше со тајм аут во во последните 10 минути и неговите совети ја однесоа Русија на два погодока предност уште еднаш благодарение на погодоците на младата Дмитриева. Андраш Немет одговори на ист начин и ги врати во поволна ситуација неговите ракометарки. Финалните минути донесоа вистинска драма и само на 2 минути до крај Унгарија го имаше натправарот во свои раце но “Зборнаја” со успешната реализција на Ана Сен од контра напад и финалниот погодок на Ускова го израми резултатот со што двете репрезентации го поделија бодовите.

Како најдобар играч на натпреварот во рускиот состав заврши 19годишната и екстра талентирана Дарја Дмитриева која воедно беше и најдобар стрелец  со 7 погодоци, додека кај унгарките оваа титула и припадна на Крстина Тришчук која го заврши натпреварот со 6 погодоци.

Следното коло во Групата А  се игра во вторник и русинките силите ќе ги одмерат со Шпанија во натпреварот со почеток од 18:15, додека домаќинот Унгарија во вечерниот термин од 20:30 ќе игра против Полска.