Висок пораз и за ЖРК Металург

Уште една екипа од Македонија е високо поразена од унгарска екипа на европска сцена. По ЖРК Вардар 2 високо поразен е ЖРК Металург од Сиофок на реванш натпреварот кој се одигра денес во рамките на КПК. На првиот натпревар унгарките славеа со 26:17 , а денес забележаа убедлива пoбеда со 36:14. Најефикасна во Сиофок беше Анамариа Орбан со осум погодоци, кај ЖРК Металург се истакна Сара Ристовска која исто така беше прецизна осум пати, а втор стрелец во ЖРК Металург беше Белевска Андреа со три погодоци.