Висла Плоцк се откажа од двајца квалитетни голмани

Екипата на Висла Плоцк одлучи да не го продолжува договорот со двајца од своите голматни. Станува збор за Унгарецот, Адам Борбели и Полјакот, Марцин Вихари. Овој потег се должи на пристигнувањето на Иван Стевановиќ кој од следната сезона ќе формира дуо на голот заедно со Адам Моравски.

Борбели и Вихари се голмани кои се наоѓаат во различна позиција. Унгарецот е млад и перспекивен чувар на мрежата кој има иднина пред себе и со своите 23 години досега забележа 13 настапи за својата земја. Од друга страна пак, Вихари е ѕвезда во полската ракомета историја. Има 39 години и долго време ги брани боите на својата репрезентација. Во Висла Плоцк е од далечната 2001 година.

Тимот од Полска, прави сериозен тим за следната година. Тие покрај Иван Стевановиќ ги обезбедија потписите и на Нико Миндегиа, Алваро Руиз Санчез, Дамиан Прзитула, Момир Илиќ и Марко Мамиќ.