Висла Плок најде замена за Ненадиќ

По заминувањето на српскиот репрезентативец Петар Ненадиќ, екипата на Висла се пушти во потрага по ракометар кој ќе ја пополни празнината на централната бековска позиција. Изборот падна на играчот на шпанска Натурхаус Ла Роха, Александар Тиуменцев, кој минатата сезона со оваа екипа беше вицешампион во АСОБАЛ лигата и имаше забележителни настапи во Лигата на шампионите. Ова е седмо засилување во екипата на Маноло Кадењас ова лето, која наредната сезона ќе ја започне во драстично изменет состав.