Висла окуражена со триумф ќе го пречека Вардар в недела во ЛШ

Ракометарите на Висла имаа одлична генералка пред дуелот против Вардар в недела од Лигата на шампионите. Синоќа беа подобри од Погон Шчесин со 27:21 така што ќе бидат на вистинско ниво во мечот на отворањето на сезоната во Лигата на шампионите.

Прв стрелец во таборот на Висла беше Крајевски со шест гола, додека пет постигна Дачек. Меѓу оние играчи кои погодија по три гола беа Дуарте, Гионеа и Ракотеа.

Ова беше натпревар на кој Висла покажа дека може да биде опасна особено на домашен терен така што в недела нема да му биде нималку лесно на тимот на Вардар.