Висер го раскина договорот со Лајпциг

Репрезентативката на Холандија, Маура Висер го раскина договорот со германскиот клуб Лајпциг пред неколку денови. Висер е меѓу најдобрите ракометарки во Лајпциг и во оваа сезона во Лига на шампионите постигна 20 погодоци на шест натпревари. Маура Висер минатата сезона со Лајпциг го освои германскиот куп како и второто место во домашниот шампионат. Поради конфликт со селекторот на Холандија, Хенк Гроенер беше отстранета од националниот тим уште во 2011 година. Лајпциг во главната фаза во Лига на шампионите ќе се соочи со ЖРК Вардар , Будуќност и Турингер.

Фото: eldeportebymiki.blogspot.com