Виноградова и Љубјанија во белорускиот шампион Минск : Се приклучи и Жулкина

Шампионот на Белорусија, Минск за новата сезона ги ангажираше трите поранешни ракометарки на ЖРК Вардар, Ана Виноградова, Екатерина Љубјанија и Евгенија Жулкина. Виноградова и Љубјанија ланската сезона беа дел од вториот тим на ЖРК Вардар, додека во сезона 2012/13 двете ракометарки заедно со Евгенија Жулкина беа во првиот тим на Индира Кастратовиќ. Евгенија Жулкина го напушти Вардар на полусезона и замина да игра во француската лига.

zulkina-zrk vardra-metalurg
Евгенија Жулкина во дресот на ЖРК Вардар. Фото – www.zrkvardar.mk

Тимот на Минск ќе се бори за влез во Лига на шампионите преку квалификацискиот турнир. За противник во квалификациската група 1, белорускиот шампион  ќе го има бундеслигашот Лајпциг. Натпреварот меѓу Минск и Лајпциг ќе се одигра во Сабота ( 20. 09. 2014) со почеток од 20 :00 часот.