Викторија Пеовска има најмногу голови од пенал (СТАТИСТИКА)

После седум одиграни кола што е практично четвртина од сезоната во Женската лига, направивме пресек во статистиката, па ја имаме и ракометарката која што има најмногу голови од линијата од седум метри.

Се работи за ракометарката на Куманово, Викторија Пеовска која што погоди 21 пат од вкупно 25 удари упатени кон голот на противничките екипи. Со ова има точно 84 проценти и е меѓу попрецизните.

Има неколку ракометарки коишто успеаја да ги реализираат сите удари, а меѓу нив најмногу голови има Мартина Далевска од Овче Поле. Таа ги искористи сите седум седмерци, но е на 11 место на листата со најмногу голови од казнен удар.