Викторија Мурговска кариерата ја продолжува во Хорсенс Елит

Битолчанката, Викторија Мурговска својата ракометна кариера ја продолжува во Хорсенс Елит од Данска. Новиот клуб на Мурговска минатата сезона испадна од првата дивизија и во новата сезона клубот има големи амбиции да се врати во елитното друштво.

Минатата сезона, Мурговска беше најдобар стрелец во ЖРК Пелистер и беше најзаслужна за освоеното четврто место, а со тоа и настап  на ЖРК Пелистер во Челинџ купот.

Освен за Пелистер, Мурговска настапуваше и за ЖРК Жито Прилеп, ЖРК Гевгелија и Феникс АМ. На репрезентативен план го носеше дресот на Македонија на ЕП за јуниорки во Србија, 2009 година.