Викторија Боршенко го продолжи договорот со Ростов Дон

Екипата на Ростов Дон токму пред Ф4 од Лигата на шампионите заврши одлична работа продолжувајќи и го договорот на една од најдобрите ракометарки во тимот, Викторија Боршенко.

Репрезентативката на Украина, го засили Ростов од Дон летото 2013 година кога пристигна од Динамо Волгоград. Од нејзиното доаѓање до сега, таа стигна до голем број на трофеи, вклучувајќи ги Купот на ЕХФ, домашното првенство, но и Купот во Русија.

Оваа сезона, Боршенко со Ростов ќе се обиде да стигне конечно до трофејот во Лигата на шампионите каде за противник го има силниот Мец. За својата репрезентација настапи 46 пати и постигна над 150 гола.