„Викингот“ Цветковски одличен, Хелсинборг со нова победа

Македонскиот интернационалец Јане Цветковски, продолжува со одличните партии на голот на шведскиот Хелсинборг. Поранешниот голман на Пролет, АГРО Тополчани и Босна беше предводник на неговиот тим во домашната победа над Андерторпс со 27:22.

Цветковски беше на голот на Хелсинборг во текот на целиот натпревар и забележа 15 одбрани. По 7 коло неговиот тим се наоѓа на третото место, зад Алстермо и Онередс. Во следното коло Хелсинборг ќе гостува на Тиресо.