Викенд со малку средби: Само 13 дуели, а Ларвик-Вардар е во центарот на вниманието

За разлика од претходните викенди ова ќе биде далеку посиромашен со натпревари. Во секоја од лигите недостига по некој натпревар кој ќе биде одигран во текот на следната недела така што колото ќе биде комплетирано во вторник или во среда.

Покрај тоа викендов нема средби од Лигата на шампиони во машка конкуренција, а има само еден меч од Регионалната лига на кој настапуваат вардарци.

Има и еден дуел во Лигата на шампионите кај дамите така што овој пат бројката на средби е далеку помала од претходните неколку викенди кога можеа да се следат речиси по 20 меча за викенд.

САБОТА, 21.10.2017

13:00ч

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР – РУДАР (Прва машка лига)

14:30ч

СТРУГА – КУМАНОВО (Прва машка лига)

15:00ч

ПЕЛИСТЕР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (Женска лига)

17:00ч

ЛАРВИК – ВАРДАР (Лига на шампиони, жени)

17:45ч

ЦЕЛЈЕ – ВАРДАР (Сеха-лига)

18:00ч

Е. РАБОТНИК – ГРК БОРЕЦ (Супер машка лига)

РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ 2 (Супер машка лига)

18:30ч

КУМАНОВО – ГЕВГЕЛИЈА (Женска лига)

19:00ч

ОХРИД 2013 – ПРОЛЕТ 62 (Супер машка лига)

ВАРДАР НЕГОТИНО – ГРК ТИКВЕШ (Прва машка лига)

НЕДЕЛА, 22.10.2017

12:00ч

ТЕКСТИЛЕЦ – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР (Прва машка лига)

14:00ч

ПАРТИЗАН – МЛАДОСТ 09 (Прва машка лига)

16:30ч

ДЕСПИНА – МЕТАЛУРГ (Женска лига)