ВИКЕНДОВ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Лига на шампиони одново во Битола, Куманово чека историја

Од денеска стартува продолжениот викенд во кој ќе има голем број на натпревари од Супер машката лига и од Женската лига. Со оглед на тоа што прволигашите нема да играат, бројката на средбите е помала.

Главното внимание оди кон Куманово и кон Битола.

В недела во Битола ќе се случи премиера на Лига на шампиони за ракометарите на Еурофарм Работник. Тие ќе бидат на терен против Спортинг и ова е првиот дуел на овие два тима.

Што се однесува до Куманово таму женската екипа ќе игра против составот на Славија Прага во Купот на ЕХФ. Натпреварите се утре и задутре, а почетокот е во 18:30 часот.

ПЕТОК, 13 СЕПТЕМВРИ

19:45ч

МЕТАЛУРГ 2 – ПРОЛЕТ 62 (Супер машка лига)

САБОТА, 14 СЕПТЕМВРИ

14:00ч

СПАРТАК – ВАРДАР (Женска лига)

16:30ч

СТРУЖАНКА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (Женска лига)

18:00ч

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР ЈУНИОР (Супер машка лига)

18:30ч

КУМАНОВО – СЛАВИЈА ПРАГА (Куп на ЕХФ)

19:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАДОВИШ (Супер машка лига)

СТРУГА – ПЕЛИСТЕР (Супер машка лига)

ОХРИД – РАБОТНИЧКИ (Супер машка лига)

НЕДЕЛА, 15 СЕПТЕМВРИ

12:00ч

АЛУШОВСКИ – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (Женска лига)

14:45ч

КУЗМАН ВАРДАР – ЧАИР (Женска лига)

17:00ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – СПОРТИНГ (Лига на шампиони)

18:30ч

КУМАНОВО – СЛАВИЈА ПРАГА (Куп на ЕХФ)