ВИКЕНДОВ НА ТЕРЕНИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Сите го чекаат реваншот меѓу Македонија и Исланд

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд кој треба да се одигра в недела од 20 часот е главниот дуел за овој викенд на терените низ Македонија. После победата во Рејкјавик сега сите очекувања се да биде забележан и нов триумф, па оттаму ова е добро загревање за тој натпревар.

Покрај овој натпревар, низ Македонија викендов има уште средби. Се играат натпревари и од Женската лига во плеј-офот и во плеј-аутот, како и во Првата машка лига исто така во двете лиги.

Кои натпревари утре и задутре ќе бидат одиграни низ Македонија можете да видите во продолжение.

ВИКЕНДОВ НА ТЕРЕНИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА

САБОТА, 13 АПРИЛ

14:00ч

СПАРТАК – ДЕСПИНА (Женска лига, плеј-аут)

15:00ч

РАБОТНИЧКИ – ПРЕСПА (Прва машка лига, плеј-оф)

16:30ч

МЕТАЛУРГ – КУМАНОВО (Женска лига, плеј-оф)

17:00ч

ПЕЛИСТЕР – СТРУЖАНКА (Женска лига, плеј-оф)

18:00ч

ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ – ПАРТИЗАН (Прва машка лига, плеј-аут)

НЕДЕЛА, 14 АПРИЛ

12:00ч

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ГЕВГЕЛИЈА (Женска лига, плеј-аут)

14:00ч

МЛАДОСТ 09 – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (Прва машка лига, плеј-оф)

16:00ч

МЕТАЛУРГ 2 – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА (Прва машка лига, плеј-оф)

16:15ч

РИНИА М – ТЕКСТИЛЕЦ (Прва машка лига, плеј-аут)

18:00ч

ГРК ТИКВЕШ – ВАРДАР НЕГОТИНО (Прва машка лига, плеј-оф)

19:30ч

МРК КУМАНОВО – АСТРАИОН (Прва машка лига, плеј-аут)

20:00ч

МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД (Квалификации за ЕП 2020)