ВИД ПОТЕКО ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО ЦЕЛЈЕ ДО 2018

Екипата на Целје Пивоварна Лашко ја продолжи соработката со еден од столбовите на одбраната, Вид Потеко. Пикерот на слонечкиот шампион и покрај големиот број на понуди од странство се реши да остане во Златорог арена до крајот на 2018 година. Потеко напредуваше во својата игра па од класичен дефанзивец стана незаменлив дел и од офанзивата на Целје. Како резултат на своите одлични игри стана интересен за многу европски клубови кои испратиле конкретни понуди за негов ангажман, но тој сепак останува во Словенија.

ВИД ПОТЕКО (ПИВОТ, ЦЕЛЈЕ ПИВОВАРНА ЛАШКО):

Верувам дека со продолжувањето на договорот го направив најдобриот потег за мене. Тука можам најмногу да напредувам, понудите од странство секако дека ми годеа, но ова е мојот клуб тука се моите пријатели и соиграчи. Тимот во најголемиот дел е составен од играчи кои потекнуваат од тука, а во таков случај е многу полесно да се создаде одлична атмосфера. Според мене Целје е најдобрата средина за развој на еден ракометар, имаме одлични услови за работа и натпревари кои се на највисоко ниво.

Вид Потеко во својата досегашна кариера има одиграно 200 натпревари за Целје во кои постигна 266 погодоци.