Веќе видено од Вардар

Ракометарките на Вардар по дуелот со Ларвик во Лигата на шампионите, го одиграа и натпреварот од 8 коло во Женската Лига. Како и на сите претхдони дуели, така и на овој, прашање беше само со колку голови ќе слави „црвено-црниот“ тим. Во случајов против Гевгелија, вардарки дадоа 48, а примија 12.

Гевгелија израмни само на 1:1, а потоа веќе видена приказна. До крајот на полувремето вардарки обезбедија 8:21, а во вториот дел тимот на Ирина Дибирова прими само 4 голови, а даде 27 за конечни 12:48. Андреа Чанаџија беше најдобар стрелец со 12 голови, Александра Лакрабер даде 9, додека Хмирова постигна 8 голови. Кај Гевгелија Драгица Митрова постигна 6 голови.