ВЕЌЕ ВИДЕНО – И јужните соседи докрајчени со двоен цепелин (ВИДЕО)

Македонија ја совлада Грција во последниот квалификациски натпревар и го потврди пласманот на Европското првенство како првопласирана во групата 3.

Во финишот на натпреварот беше сè решено па имаше простор најискусните во репрезентацијата да изведат некој од своите специајлитети за публиката во Струмица.

Кире Лазаров и Гоце Георгиевски уште еднаш го изведоа добро познатиот двоен цепелин за кревање на атмосферата во салата.

Уживајте во мајсториите на ракометарите на Македонија во следното видео…