Вецлар на Миркуловски тргна добро, но не издржа против Бергишер

Филип Миркуловски со Вецлар имаше тешко гостување кај Бергишер, a од овој меч ср враќаат со пораз од 30:33. Миркуловски имаше добар почеток на средбата и беше еден од оние кои го одржуваа Вецлар во ритам, но потоа дојде до пад, па бодовите останаа за Бергишер.

По нерешениот резултат со шампионот Флензбург во минатото коло ова беше втор пораз за Вецлар во сезоната. Гостите добро го отворија мечот и во поголемиот дел од полувремето имаа минимална предност. Во финишот попуштија и дозволија по 30 минути Бергишер да замине со предност 16:15.

Во продолжението домашните отворија со 2:0 за предност од три гола. Оваа разлика во корист на Бергишер до половината на вториот дел се зголеми на пет. Тука веќе се навестуваше победникот. Вецлар немаше решение како да го стигне заостанувањето, а за тоа многу придонесе и голманот на Бергишер, Томас Мрква кој собра 12 интервенции. До крајот Вецлар само го ублажи поразот.

Најефикасен во составот на Бергишер беше Гутброд со осум гола, а во Вецлар, Максимилиан Холст постигна девет и беше најефикасен на натпреварот. Миркуловски имаше еден погодок од четири удари. Следниот меч на Миркуловски е против Нордхорн на домашен терен.