Вецлар и Миркуловски не им се вратија на победите

Тимот на Вецлар, каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски, не им се врати на победите. По триумфот во првото коло, по ремито дома со Минден и по поразот од Хановер на гости, Вецлар не успеа да го победи новакот во Бундес Лигата, Хутенберг и одигра 23:23.

Миркуловски играше на оваа средба и успеа да се запише во листата на стрелците 3 пати во 5 обиди . Во следното коло, Вецлар ќе се сретне на гости со незгодниот состав на Либек.