Вецлар загуби, Миркуловски само со асистенција

После триумфот во Купот на Германија екипата на Вецлар одигра меч и од Бундес лигата каде што претрпе пораз на гостувањето кај Гепинген со 25:28.

Филип Миркуловски беше дел од овој меч, но немаше упатено удар кон голот на противникот. Средбата ја заврши со една асистенција, а сосема јасно е дека момците беа истрошени после силниот меч во вторникот кога успеаја да забележат важна победа и да се пласираат во четврт-финалето од Купот на Германија.

Со осум поени Вецлар во моментов се наоѓа на 10. позиција во Бундес лигата.