Вецлар го среди Гумерсбах, Миркуловски најдобар асистент

Екипата на Вецлар каде настапува Филип Миркуловски имаше лесна задача во рамките на 29. коло од Бундес лигата. На домашен терен, „зелените“ го дочекаа последнопласираниот Гумерсбах и однесоа победа со убедливи 30:23.

Капитенот на тимот и нашиот поранешен репрезентативец дуелот го заврши со еден постигнат гол, но придонесе со три асистенции. Својот единствен погодок го постигна за водство од 3:0 во раната фаза од средбата. По првиот дел имаше големи плус шест (15:9), а во вториот дел само ја одржи предноста.

Најдобар беше Максимилијан Холст кој погоди девет пати, осум беа дело на Стефан Чавор. Кај Гумерсбах, Марвин Сомер даде пет.