Вестманејар го освои ракометниот Суперкуп во Исланд

Во Исланд се одигра дерби натпреварот помеѓу екипите на Вестманејар и Хаукар во борба за освојување на ракометниот Суперкуп во оваа земја. Екипата на Вестманејар успеа да го освои трофејот откако триумфираше во драматичен финиш 25:24 (12:8). Свој придонес во победата на Вестманејар имаше репрезентативецот на Црна Гора, Немања Маловиќ кој беше стрелец на пет постигнати погодоци.

Во новата сезона во Супер лигата во Исланд има три кандидати за освојување на шампионската титула, Вестманејар, Хаукар и Фрам.