Веспрем преку Ла Риоха до најдобрите осум

Веспрем Арената беше домаќин на вториот осминафинален дуел од Лигата на шампиони. Натурхаус ла Риоха не беше вистински предизвик за унгарскиот шампион. Веспрем уште на првиот натпревар обезбеди место меѓу најдобрите осум екипи во Европа, а вечерва се чекаше на официјална потврда. Потврда добивме по денешните шеесет минути во кои Веспрем уште еднаш славеше со убедливи 37-31.
Натпреварот во Шпанија заврши со резултат 23-31 во корист на гостите и очекувано беше Веспрем да започне со прославата на нов пласман во четвртфиналето на елитното европско натпреварување.
Унгарците во својата Веспрем арена рутински ја одработија задачата откако на полувреме водеа со 18-15, а во вториот дел постигнаа три голови повеќе од противникот за конечни 37-31.
Најпрецизен во унгарскиот состав беше Момир Илиќ со 10 постигнати погодоци, а на спротивната страна Родригез беше стрелец исто така на 10 гола.