Веспрем потпиша со Марко Копљар

Унгарскиот шампион Веспрем потпиша договор со десниот бек на хрватската репрезентација Марко Копљар. Тој пристигнува од Барселона каде не успеа да се адаптира на играта на каталонскиот состав. 30-Годишниот Копљар со својата висина од 210 см треба да биде дополнителен бедем пред противничкиот напад. Тој има забележано 124 настапи за хрватскиот национален состав, со кој освоил бронза на Олимписките игри и Европскиот шампионат. Во минатото покрај ППД Загреб тој настапуваше за ПСЖ и Барселона. Хрватот ќе биде третиот десен бек во составот на Веспрем, откако Габор Анчин направи трансфер од Пик Сегед, а во клубот неприкосновен е легендарниот Ласло Наѓи.

Копљар е второто јунско засилување откако вчера Драган Гајиќ беше промовиран како ново десно крило на унгарскиот првак.

 “Марко е во најдобрите години и во најподогниот период, затоа сме среќни што пристигнува во Веспрем. Но со ова засилување не ја правиме само силна десната бековска. Во средина ги имаме Арон Палмарсон, Чема Родригез и Мате Лекаи, а Момир Илиќ и Иван Слишковиќ на левата бековска позиција, на лево крило Кристијан Угалде и Грег Иванчик. На пивотменската пзоција тука се Ренато Сулиќ и Андрес Нилсон, на голот Мирко Алиловиќ и Роланд Миклер. Додека како дефанзивци се Тимушин Шух и Мирсад Терзиќ кои се едни од најдобрите во светот. Се уште не дојдовме до нашите младински играчи… Одиме со полна пареа напред! ” истакна спортскиот директор Никола Еклемовиќ по потпишување на договорот со Копљар