Веспрем не престанува да се засилува: По Палмарсон, и Андреас Нилсон слета во јатото на Веспрем

По долги преговори помегу Веспрем и Хамбург, конечно падна договор по кој шведскиот репрезентативец и довчерашен член на Хамбург, пикерот Андреас Нилсон е нов член на Веспрем.

По банкротот на Хамбург се поизвесно беше заминувањето на Нилсон од Германија, но со оглед на тоа дека тој имаше уште една година од важечкиот договор, Хамбург бараше 250 000 евра за да го ослободи. Унгарскиот шампион ја прифати понудата, по што Хамбург и официјално објави дека Нилсон заминува во Унгарија.

Со ова засилување Веспрем сега има четири играчи на позицијата пивот, а тоа се Ренато Сулиќ, Шуц,како и Урош Виловски за кој се поизвесно е дека ќе замине во Франција.