Веспрем го совлада борбениот Металург (ФОТО)

Во рамките на вонредното деветто коло, Металург во „Борис Трајковски“ го пречека Веспрем. Македонскиот вицепрвак по почетниот пораз од Вардар во првото коло, против Веспрем прикажа добра игра но повторно не успеа да дојде до поволен резултат.
metvesprem-6

Првото полувреме помина во изедначена игра, во која прв до гол стигна составот на Металург, а неизвесноста продолжи до крајот на првиот дел. Веспрем во средината на првиот дел успеа да дојде до два погодока разлика, но Металурзите бргу изедначија. Сепак во финишот на полувремето Веспрем дојде до значајна предност која по триесет минути изнесуваше 14-10.metvesprem

На самиот почеток на вториот дел, унгарскиот првак успеа да ја забележи највисоката предност од 15-10, но Металург не дозволи актуелниот СЕХА првак комплетно да се одлепи во овој дуел. Сепак Металург не успеа да се доближи на помалку од два гола разлика. Веспрем на две минути до крај имаше и највисоки пет голови, но Костески и Талески ставија точка на овој дуел за конечни 20-23.
metvesprem-4

Најпрецизен во составот на Веспрем беше Драган Гајиќ со пет погодоци, додека во составот на Металург Нелоски постигна четири голови, а Младеновиќ,  Марчец и Брајовиќ постигна по три.
metvesprem-8

Во следното коло Мешков во среда гостува во Скопје кај Металург.