Веспрем го преживеа Кјелце: Манасков и колегите извлекоа бод во Полска

Дејан Манасков го одигра цело второ полувреме на гостувањето кај Кјелце и со своите колеги обезбеди реми од 32:32. Тој имаше шут 2 од 3, но вториот гол го постигна во моменти кога беше најпотребно за израмнување на 30:30.

Целата средба мина со голема резултатска неизвесност и постојана тензија. И двата тима имаа свои моменти, но Кјелце беше во водство во најголемиот дел од мечот. Сепак, најинтересното беше во последните минути. Тогаш се играше гол за гол.

На триесетина секунди до крајот, Николов и Начевски на Шух му покажаа директен црвен, а потоа и син картон поради грубиот старт. Тоа значеше и пенал, кој го реализираше Билецки. Потоа Маргуч ги постави конечните 32:32, па после 5. коло веќе нема екипи во групите А и Б кои имаат максимален број на бодови.

Веспрем остана лидер, но сега има девет поени, а тоа е иста ситуација како со Вардар во групата А, па овие два тима се во моментов на највисоката позиција.